Доктрина на животот за Новиот Ерусалем #3

Од страна на Емануел Сведенборг

Проучи го овој пасус

  
/ 114  
  

3. Секој од која било религија знае и прифаќа дека тој што живее праведно е спасен, а кој не живее праведно е проклет. Тие го знаат и прифаќаат ова поради поврзаноста на рајот со оние кои знаат од Словото за постоењето на Бога, за постоењето на рајот и пеколот и за постоењето на живот после смртта. Тоа е она што ја произведува оваа заедничка перцепција.

Следствено, во доктрината на Атаназиското верување за Троица, која е прифатена насекаде во христијанскиот свет, на крајот ја наоѓаме оваа општоприфатена изјава, имено:

Исус Христос, кој пострада за нашето спасение, се вознесе на небото и седи од десната страна на Отецот Семоќниот. Оттаму ќе дојде да им суди на живите и мртвите, а потоа оние што правеа добро ќе влезат во вечниот живот, а оние што правеа зло ќе влезат во вечниот оган.

  
/ 114  
  

Many thanks to Novi Jerusalem (Balkans) for the permission to use this translation.