1
Откровението на Исус Христос, кое Бог му го даде Нему, за да им покаже на Неговите слуги она што набргу треба да се случи; и Тој го означи, испраќајќи преку Неговиот ангел до Неговиот слуга Јован,
2
кој сведочеше за Зборот Божји и за сведоштвото на Исус Христос, за сè што тој виде.
3
Среќен е оној кој чита и оние кои ги слушаат зборовите на пророштвото, и ги чуваат нештата напишани во него; зашто времето е блиску.
4
Јован до седумте цркви кои се во Азија: Благодат да биде на вас, и мир, од Оној Кој е, и Кој беше, и Кој ќе дојде; и од седумте духови кои се пред Неговиот престол;
5
и од Исус Христос, верниот Сведок, Првородениот од мртвите, и Принцот на кралевите на земјата. Нему кој нè љуби, и нè изми од нашите гревови во Неговата крв,
6
и нè направи кралеви и свештеници на Бог и Неговиот Отец; Нему нека биде славата и силата за векови на векови. Амин.
7
Ете, Тој доаѓа со облаците, и секое око ќе Го види, и оние кои Го проболе; и сите племиња на земјата ќе ридаат над Него. Да; амин.
8
Јас сум Алфа и Омега, Почетокот и Крајот, вели Господ, Кој е, и Кој беше, и Кој ќе дојде, Семоќниот.
9
Јас, Јован, кој сум исто така ваш брат, и сопатник во неволја, и во кралството и трпеливото очекување на Исус Христос, дојдов да бидам на островот наречен Патмос, заради Зборот Божји, и заради сведоштвото на Исус Христос.
10
Јас се најдов во духот на денот на Господ; и јас чув зад мене голем глас, како на труба,
11
велејќи, Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот; и што гледаш, напиши во книга, и испрати ја до црквите, оние во Азија; до Ефес, и до Смирна, и до Пергам, и до Тијатир, и до Сард, и до Филаделфија, и до Лаодикија.
12
И јас се свртев да го видам гласот што зборуваше со мене; и, кога се свртев, јас видов седум златни светилници;
13
и во средината на седумте светилници Еден како Син Човечки, облечен во облека до стапалото, и препашан на градите со златен појас.
14
И главата Негова и влакната беа бели како бела волна, како снег; и очите Негови како пламен од оган;
15
и Неговите нозе како фина бронза, како да се печени во печка; и Неговиот глас како глас на многу води;
16
и имајќи во Неговата десна рака седум ѕвезди; и од Неговата уста остар меч со две острици излегуваше; и Неговото лице беше како што сонцето се појавува во својата сила.
17
И кога јас Го видов, паднав при Неговите нозе како мртов. И Тој ја положи Својата десна рака врз мене, велејќи ми: Не бој се; Јас сум Првиот и Последниот;
18
и Јас сум Оној Кој Живее, и станав мртов, и ете, Јас Живеам за векови на векови. Амин. И Јас ги имам клучевите на пеколот и на смртта.
19
Напиши ги нештата што си ги видел, и нешта што се, и нештата што ќе дојдат по овие нешта:
20
тајната на седумте ѕвезди што ти ги виде во Мојата десна рака, и седумте златни светилници. Седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви; и седумте светилници што ти ги виде се седумте цркви.


