Псалми 1

Проучване

   

1 Среќен е човекот кој што не одел на собирот на злите и на патот на грешниците не стапнал и во друштво на презирните не седел.

2 Но во законот на Јехова е неговото задоволство; и во Неговиот закон размислува ден и ноќ.

3 И ќе биде како дрво насадено крај извори водни, што го дава својот плод во своето време, и неговиот лист не вене; и сè што прави ќе напредува.

4 Не така со злите; туку тие се како плева што ветерот ја разнесува.

5 Затоа нема да воскреснат на суд злите, ниту грешните – во соборот на праведните.

6 Зашто Јехова ги знае патиштата на праведниците; но патот на злите ќе пропадне.

   
Scroll to see more.